Поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаи оствари средба со градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, на која биле отворени прашања поврзани со соработката меѓу Исламската верска заедница и локалната самоуправа.
Средбата доаѓа во период кога ИВЗ настојува да ја засили комуникацијата со институциите на локално ниво, а како што соопштува Верската заедница, разговорите биле насочени кон прашања од заеднички интерес и можностите за идната соработка.
Фетаи пред градоначалникот ги претставил активностите на ИВЗ и нејзината улога во општествениот живот, при што особено бил нагласен значењето на дијалогот и односите меѓу различните верски и етнички заедници.
Од Општина Карпош, пак, била истакната потребата од директна институционална комуникација со верските заедници, со цел зајакнување на соработката и реализација на активности од интерес за граѓаните.
Двете страни изразиле подготвеност комуникацијата да продолжи и во иднина.
На средбата со Фетаи присуствувал и Мусаниф еф. Руфати, директор за наука и култура при Ријасетот на ИВЗ.

