Државниот врв и политичарите со честитки за Рамазан Бајрам – Да стиме едени покрај други во најважните моменти

Date:

Share post:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, честитајќи го големиот мислимански празник Рамазан Бајрам вели дека енергијата и топлината на светиот месец, не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, туку се чувствуваат во целата заедница.

„Во време кога целото човештво се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина. Да продолжиме да ја негуваме пријатната атмосфера во текот на целата година и да бидеме исполнети со благост, солидарност и емпатија“, пишува во честитката на претседателката.

Собранискиот спикер Африм Гаши упати честитка до верниците од муслиманска вероисповед со жеелби за добро здравје, мир, радост и благосостојба.

Порача бајрамските денови да донесат спокој во домовите, радост во семејствата и надеж во срцата.

„Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да негуваме соживот, толеранција и почитување, како темели на нашата заедничка иднина“, вели Гаши.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека овој оразник не учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање.

„Како народ, секогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти. Затоа, денес, повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничката иднина исполнета с стабилност и просперитет за сите граѓани“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче вели дека Рамазан бајрам е празник кога се слави хуманоста, кога се зацврстува меѓусебната почит и разбирање, кога најсилно се чувствува вредноста на заедништвото.

„Со почитување на овие вредности, да продолжиме да ја градиме нашата држава како дом за сите – праведен, солидарен и обединет, затоа што различностите се наша сила, а заедништвото наша најголема вредност“, порача Филипче.

На утринската молитва одржана по повод празникот во Мустафапашината џамија во Скопје, покрај поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи присуствуваа и собранискиот спикер Африм Гаши, првиот вицепремиер Беким Сали и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img