Почетна Вера ДИМИТРИЕВ: Религиите се нашата поткрепа, а празниците потсетување да се држиме заедно
ДИМИТРИЕВ: Религиите се нашата поткрепа, а празниците потсетување да се држиме заедно

ДИМИТРИЕВ: Религиите се нашата поткрепа, а празниците потсетување да се држиме заедно

32
0

– Светиот месец Рамазан е најблагородниот и најсреќниот месец за Вас граѓаните од исламската вероисповед. Деновите кои се зад нас поминаа во духот на трпението и воздржувањето, несебичноста и дарежливоста. Посветеноста која беше одлика во мислите на секој исламски верник во изминатите денови на пост, нека и понатаму биде одлика која ќе Ве води по патеките на успехот, како во рамки на семејството, така и на деловен и професионален план, пишува во честитката за големиот муслимански празник Размазан Бајрам, Премиерот Емил Димитриев.

emil dimitrievЧеститајќи им го празникот, Димитриев изразува убедувања дека во духот на добрите верски учења, во духот на нашата заедничка опстојба на овие простори и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме принципите на почит и разбирање, принципите на помош и соживот меѓу граѓаните на Република Македонија, од сите вери и националности.

– Ваквото заедништво е клучно за вкупниот економски и граѓански развој на Република Македонија, за подобар живот на нашите граѓани, во сите региони на државата и во сите области од нашето општество. На тој пат, религиите се наша поткрепа, а традицијата и големите празници наше потсетување да се држиме заедно и заедно да чекориме напред. Нека е честит големиот празник, имајте топлина во домовите и мир во семејствата. Нека е честит Рамазан Бајрам, се вели во честитката на Димитриев.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *