Дебарско-кичевската епархија повика на органодарителство: „Дарувањето може да спаси живот“

Date:

Share post:

Дебарско-кичевската епархија упати повик за поддршка на органодарителството, нагласувајќи дека дарувањето органи е чин на љубов и солидарност кој може да им даде нова шанса на тешко болните.

Во пораката од Епархијата се посочува дека и во најтешките животни околности човек може да подари надеж и можност за продолжување на животот на друг човек.

„Како христијани, повикани сме да ја негуваме културата на милосрдие и несебично дарување“, се наведува во пораката, во која е цитиран и стихот од Евангелието според Јован: „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели“ (Јован 15,13).

Од Дебарско-кичевската епархија ја изразија и својата поддршка за оние кои работат на подигнување на свеста за органодарителството, истакнувајќи го значењето на дарувањето органи за спасувањето човечки животи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img