Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“.
Реакцијата на Синодот доаѓа неколку дена откако „Религија.мк“ ја објави изјавата на Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град, во која тој зборуваше за Српската православна црква и нејзиното присуство во Скопје.
Од Синодот посочуваат дека МПЦ-ОА, како што наведуваат, е „легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква“, како и наследничка на Јустинијана Прва и на обновената Охридска Архиепископија.
„МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност“, се наведува во реакцијата.
Од МПЦ-ОА додаваат дека, свесна за својата историска улога и одговорност во духовниот живот на македонскиот народ, Црквата останува „отворена за сите“, со цел верниците да ги обединува во единството на верата и евхаристиското заедништво.
Синодот нагласува дека со тоа се надминуваат, како што се наведува, „сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби“.
„Евангелието Христово, верата во Воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА“, се вели во соопштението.
Во него се додава дека МПЦ-ОА ги отфрла „сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат“.
Реакцијата е потпишана од Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА.
Во продолжение целото соопштение на МПЦ ОА.
По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“, Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска Архиепископија, МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност.
Длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста во духовниот живот на македонскиот народ, а водена од евангелските начела и богатото православно предание, таа останува Црква отворена за сите, обединувајќи ги своите верни во единството на верата и во евхаристиското заедништво, надминувајќи ги сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби.
Евангелието Христово, верата во Воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА и ги отфрла сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат.
Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА


фантазии, фантазии, ај информирајте се подобро: https://religija.mk/spc-ja-vrati-mpc-oa-vo-avtonomija-so-status-polosh-od-nishkiot-dogovor-koj-ke-ponese-odgovornost/
МПЦ-ОА е автономна црква со име МПЦ-ОА во состав на СПЦ.
Кога МПЦ-ОА ќе го смени статусот во автокефална црква (ќе добие томос за автокефалност) не знаеме.
МПЦ-ОА прифати во 2022 дека епархиите во Северна Македонија се епархии на СПЦ….”Сабор…са великом радошћу прихватио одлуку Његовог Блаженства Архиепископа охридског господина Стефана и око њега сабраног Светог Архијерејског Синода којом се прихвата општепризнати канонски статус епархија Српске Православне Цркве у Северној Македонији”…
Кој е тој статус што МПЦ-ОА го прифатила?….” а то је статус најшире могуће аутономије, односно пуне унутрашње самосталности”…
Митрополитите на МПЦ-ОА се дел од Соборот на СПЦ.
ПОА е интегрирана во МПЦ-ОА. ПОА беше дел од СПЦ.
МПЦ-ОА е дел од СПЦ.
И дај еднаш да почнеме да ја зборуваме вистината за состојбите. Кај да се свртит човек лагата царува во оваа наша напатена земја, душата и ја извадовме. Наместо во државава да владее Уставот и моралниот кодекс кој ни е всаден во нашите срца од раѓање, владее неказнивоста и неправдата која вика до височините на небесата. И после оди во Црква, прекрстувај се, пали свеќи и моли се! А, во животот, не фермаш никого, само бараш корист! Ни срам ни перде да се немало. Ни од политичари, ни од народ!