Почетна Вести Далај Лама: Исламот е религија заснована на љубов
Далај Лама: Исламот е религија заснована на љубов

Далај Лама: Исламот е религија заснована на љубов

185
0

dalaj lamaТибетскиот духовен лидер Далај Лама изјави дека Европа примила голем број мигранти и бегалци, но дека иако тоа предизвикало потешкотии, тоа не значи дека Европа ќе стане муслиманска.

– Европа, на пример Германија, не може да стане арапска држава. Германија си е Германија, изјави Далај Лама во интервју за германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Тој додаде дека значителното зголемување на бројот на мигрантите кои пристигнале во Европа, околу еден милион минатата година, создале не само практични туку и морални потешкотии.

– Целта би требало да биде тие да се вратат и да помогнат во обновата на нивните земји, посочи Далај Лама.

Повеќе десничарски партии во Европа наведуваат дека муслиманите се дел од проблемот, но Далај Лама посочи дека исламот е религија заснована на љубов.

Тој зборувајќи за непријателските сунитски и шиитски фракции на Блискиот Исток потенцира дека „тие не го претставуваат целиот ислам, ниту сите муслимани“.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *