Почетна Вести Христијанство Црквата на Вранишковски го нападна Вселенскиот патријарх – Вартоломеј работи против интересите на православието
Црквата на Вранишковски го нападна Вселенскиот патријарх – Вартоломеј работи против интересите на православието

Црквата на Вранишковски го нападна Вселенскиот патријарх – Вартоломеј работи против интересите на православието

471
1

Црквата на Јован Вранишковски, која е дел од Српската Православна Црква го обвини Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Вселенската патријаршија дака го урива единството во православието и ги осуди потезите на Патријархот Вартоломен.

Во предговорот на календарот што ПОА го издава пишува Вароломеј си земал права кои што не му следувале.

-Во нашава современост, за жал, сведоци сме на постоечкиот обид да биде нарушено Единството на Соборната, Православната Црква. Имено, Првотроната помесна Црква, Константинополската Патријаршија, се стави себе си над соборниот карактер на Црквата и си зеде за право да биде прва, не само по чест, право, кое, се разбира, никој не ѝ го оспорува, туку прва и по апсолутна власт, право, кое полнотата на Соборноста на Црквата ѝ го нема дадено. Нејзината еднострана одлука да прими во литургиско сослужување неколку непреумени, расколнички организации од Украина, згора на сѐ, без согласност на тамошната канонска Црква и без сеправославен консензус за таквата донесена одлука, очигледно не го обезбеди посакуваното решение на расколот. Напротив, таквата антиканонска постапка на Константинополската Патријаршија, предизвика остри спротивставувања кај останатите помесни Православни Цркви, спротивставувања кои не само што не стивнуваат, туку стануваат сè поизразени, стои во текстот од календарот за 2021 на ПОА.

И откако ПОА сега застана на страна на Руската црква во овој спор, за очекување е да прекине да го споменува и Вселенскиот патријарх во литургиите, како што налага Црковна Москва.

Коментар(1)

  1. Ne go so pravo napadna samo Vraniskovski, tuku i celiot pravoslaven negrcki blok od istocniot blok vo Crkvata, osven ukrainskata i MPC. Cezaropapizmot i supremacijata seeneprihvatlivi za ortodoxijata. Nemoze Vartolomej da se pravi istocen papa.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *