Почетна Вести Ислам Бујар Османи и ИВЗ се главни виновници за зголемување на инфицираните, обвини Мендух Тачи
Бујар Османи и ИВЗ се главни виновници за зголемување на инфицираните, обвини Мендух Тачи

Бујар Османи и ИВЗ се главни виновници за зголемување на инфицираните, обвини Мендух Тачи

384
0

Мендух Тачи, првиот човек на Демократската партија на Албанците, го впери прстот кон вицепремиерот Бујар Османи и Исламската верска заедница како главни виновници за зголемувањето на бројот на инфицираните од корона вирусот.

„Мислам дека неодговорноста на Бујар Османи и на поранешната и сегашната Исламска верска заедница, кои направија огромен притисок за да се отворат џамиите за Рамазан Бајрам, се главните виновници за оваа ситуација“, изјави тој на прес-конференција во Тетово.

Тој рече дека не можат да се прифатат квалификациите дека „Албанците се познати во Македонија по тоа што не ги почитуваат правилата на институциите во врска со пандемијата. Имаме конкретни бројки кои укажуваат дека ние, Албанците, заедно со другите граѓани успеавме 90 дена убаво да се бориме со пандемијата. Тие што сакаат да печалат политички поени, а и сегашната ИВЗ да има материјални добивки и правеа огромен притисок, сега треба да се чувствуваат одговорни. И тие се единствените одговорни за оваа ситуација“.

Тој уште еднаш ги повика граѓаните да ги почитуваат правилата: „Знаеме дека е тешко да се остане дома повеќе од 48 часови, но нема друг начин“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *