Бугарски владика им ги изми нозете на свештениците

Date:

Share post:

На Велики четврток, митрополитот Кипријан од Старозагорската митрополија отслужи литургија во катедралниот храм „Свети Никола Мирликиски Чудотворец“, каде по десетти пат по ред, за време на службата, го изврши и чинот на миење на нозете на 12 избрани свештенослужители, ѓакони, иподјакини и мирјани. Тоа претставува силен симбол на смирението и христијанската добродетел.

-Меѓу учесниците во овој обред, за првпат се најде и отец Маркос, кој служи во бугарскиот православен храм во Република Јужна Африка, стои во соопштението од епархијата.

-Ја чувствувам Бугарија како мој дом, многу е убаво тука, луѓето се човечни. Миењето на нозете е токму симбол на човечноста. Задача на свештеникот е да ја проповеда таа човечност и да ги учи луѓето да бидат такви. Ритуалот го симболизира и очистувањето од гревовите, изјави отец Маркос пред новинарите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here