Владимир Путин им дал инструкции на министерот за одбрана Андреј Белоусов и на началникот на Генералштабот Валериј Герасимов да ги запрат борбените дејствија на сите правци во рамки на специјалната воена операција за време на празнувањето на Велигден.
„Во врска со приближувањето на православниот празник Велигден (Светло Христово Воскресение), се прогласува примирје од 16:00 часот на 11 април до крајот на денот на 12 април“, соопштија од Кремљ, пренесе Риа Новости.
Претходно и Зелински најави можно примирје.
