Почетна Вера БОЖИНОВСКА: Ние сме горди наследници и чувари на мисијата на Светите Кирил и Методиј
БОЖИНОВСКА: Ние сме горди наследници и чувари на мисијата на Светите Кирил и Методиј

БОЖИНОВСКА: Ние сме горди наследници и чувари на мисијата на Светите Кирил и Методиј

203
1

Valentina Bozinovska 2Светите Солунски браќа Кирил и Методиј се клучни личности во македонската историја, како и за културниот развој на сите словенски народи. Нивната просветителска улога и света мисија ја зацрта културната и верската карта на целиот свет. Ние сме горди наследници и чувари на нивното завештание-продолжување на нивната света мисија-образованието и ширењето на писменоста, пишува во честитката на Kомисијата за односи меѓу верските заедници до поглаварот и членовите на Светиот Архиерејски Синод на Ма­ке­дон­ската Православна Црква – Охридска Архиепископија и до македонскиот народ за Денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј.

Претседателката на Комисијата за односи меѓу верските заедници Валентина Божиновска, вели дека заложбите на светите браќа Кирил и Методиј, не биле само за македонскиот јазик, туку и за македонската литература и култура, црква и традиција, револуција и историја, за македонското име и идентитет.

-На прашањето што треба да направиме ние за јазикот, во време на слобода и демократија, во постојна држава, во време на големи предизвици, одговорот треба да биде едноставен – само да го чуваме, негуваме и почитуваме, бидејќи со тоа ја вреднуваме нашата култура и традиција, нашата историја и меморија, го воздигнуваме нашето име и идентитет, одавајќи им на тој начин достојна почит за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј. Нека е вечна славата на сесловенските просветители Кирил и Методиј и нека е за многу години големиот празник, стои во честитката од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Коментар(1)

  1. И сега не ми е јасно, што сме ние и чии сме наследници, дали на Александар Македонски или пак сме Словени По ова колку ги славиме Св. браќа испаѓа да сме Словени, а пак кога ги гледам спомениците на античките Ммакедонци мислам дека сме нивни наследници. Ова ни господ не може да го реши.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *