Архипепископот Стефан му честиташе именден на Онуфриј

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан испратил честитка до Онуфриј, поглаварот на самопрогласената за автокефална Украинска православна црква, која официјално уште е под Московската патријаршија.

Честитката е по повод именденот на Онуфриј, а испратена на денот кога Црквата го прославува споменот на преподобниот Онуфриј Велики.

-Од свое и од името на свештенството, монаштвото и сиот православен македонски народ, Ви упатуваме најискрени молитвени честитки и братски благопожелби по повод Вашиот именден. Вие, уподобувајќи се во подвижничкиот живот и непоколебливот подвиг на преподобниот, покажавте духовна сила, мудрост и смирение во архипастирската служба на Вашиот богобојазлив украински православен народ, стои во честитката на архиепископот Стефан.

-Нека Господ Бог Ве укрепува и понатаму во Вашиот подвиг, по застапништвото на Пресветата Владичица, преподобниот Онуфриј Велики и сите Киево-печерски светии, дарувајќи Ви добро здравје, мир, долг живот и изобилство на Својата благодат за раководење на довереното Ви словесно стадо, потенцира г.г. Стефан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img