Албанската оравославна црква одржува меѓунариодна научна конференција посветена на порнешниот архиепископ Анастасиј, една година по неговата смрт. На настанот зборуваше неговиот наследник, архиепископот Јован, а поздрвно објаќање беше прочитано и од Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Утре во недела во Соборниот храм во Тирана ќе биде отслужена архиерејска соборна Божествена литургија и помен за Анастасиј.
-Со апсолутна увереност можам да кажам дека не познавам никого кој дал повеќе за оваа земја без да побара или да добие нешто за возврат. Почитувајќи го делото на архиепископот Анастасиј, ние си оддаваме почит самите на себе, на нашата Црква и на нашата земја, посочи архиепископот Јован и истакна дека тој не е само проучувач на богословието на Анастасиј, туку и негов поранешен близок соработник и очевидец на напорите за обновување на Православната црква на Албанија во период подолг од три децении.
-„Тоа беше гигантски потфат што на почетокот изгледаше речиси невозможен. Но резултатот не беше само обновување во рамките на поранешните граници, туку преуредување на Црквата на многу повисоко и пошироко ниво. Емпириските податоци се импресивни и сведочат за извонредно достигнување. Во целосно секуларизирана глобализација се создаваат силни поттици за поделба и изолација. Наместо личности, постојат само бројки. Гордоста од технолошката моќ е придружена со чувство на слабост и егзистенцијална вознемиреност на личен план. Додека се прогласува општа слобода, се доживува недостаток на индивидуална слобода, истакна Јован.
-За него, градбите не беа цел сами по себе, туку средство за исполнување на спасителната мисија на Црквата. Тие беа изградени за луѓето и во нивна служба. Неговото јавно и лично проповедање постојано ја нагласуваше љубовта и почитта кон секое човечко суштество. Тој ширеше дух на помирување и простување во Црквата. Сите ние што бевме блиски со него низ годините можеме да го потврдиме тоа. На нашата земја ѝ е потребен овој дух. На целиот свет му е потребен овој дух, затоа што само врз оваа божествена основа можат да се градат правилни односи меѓу луѓето, потсети сегашниот архиепископ на Албанија.
ПАТРИЈАРХОТ ВАРТОЛОМЕЈ: Наследството на Анастасиј како повик за сегашноста и иднината
Во својата порака, Вселенскиот патријарх Вартоломеј се осврнува на црковниот етос и мисионерската визија на архиепископот Анастасиј, кои се одразени и во темата на конференцијата. Меѓу другото, тој наведува дека во личноста на Анастасиј благовестието никогаш не било одвоено од смирението, дијалогот и љубовта.
Тој исто така истакнува дека примерот на Албанија блеска како водечка светлина во соочувањето со клучните прашања на меѓухристијанската и меѓурелигиската соработка. Таму, Црквата беше возобновена од разурнатост и понуди убедлив предлог на вера, помирување и мирен соживот. Така, наследството на архиепископот Анастасиј продолжува да зборува не како спомен затворен во минатото, туку како жив повик за сегашноста и иднината на Црквата.

