Почетна Вести Американска Католичка црква премина во Православие?
Американска Католичка црква премина во Православие?

Американска Католичка црква премина во Православие?

376
0

Формално независната Католичка црква Исток во САД, на чело со Рамзи Мусалам, колективно го напуштила Католицизмот и преминала во Православие. Како што објавува порталот, „Правда.рс“ оваа американска католичка црква се приклучила на Задграничната Руска православна црква, која е дел од Руската православна црква.

Оваа црква има 60  парохии, а нејзиниот до неодамна поглавар,во РПЦ прво бил ракоположен за ѓакон, а веднаш потоа и за свештеник. Во јеромонах, со име Илија, пак го ракоположил лично првиот човек на ЗРПЦ, митрополитот Иларион.

Рамзи прво бил дел од Полската католичка црква.

Руската задгранична црква веќе објави дека е благодарна што отец Илија и неговата Црква ги довеле верниците во Православието.

Сепак, веродостојноста на оваа информација тешко може да се потврди. Пребарувањето на интернет покажува само една вест објавена на некој локален американски медиум.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *