Ако Европа е преголема епархија, дали истото важи и за Скопската?

Date:

Share post:

„Факт е дека во странство, посебно во европските земји, веќе имаме повеќе раѓања и венчавки отколку во намесништвата и парохиите во земјава. Иселувањето го прави своето. Така, Синодот и тоа ќе го има предвид кога ќе расправа за барањето на владиката Петар. Но, важно ќе биде и што мисли надлежниот европски владика околу тоа, а своето мислење ќе го кажат и другите митрополити“. Ова за дневниот весник Вечер го изјавил член на Синодот, кој сакал да остане анонимен во пресрет на синодската седница во полн состав закажана за 26 мај, а како негов став во врска со неодамнешниот повик на митрополитот Петар, Европската епархија, со која сега раководи Пимен, да биде поделена на три епархии.

Во тексто на Вечер се анализиа прашањето дали еден митрополит може и натаму доволно ефикасно да покрива толку големи епархии какви што се Европската или, пак, Американско-канадската, потенцирајќи дека митрополитите Пимен и Методиј, кои со нив управуваат цели две децении – од 2006 година – и кои им беа први задолженија како новоизбрани владици, досега јавно не барале помош и поделба.

Синодот пред неколку години имал и барање до американско-канадскиот митрополит Методиј да организира црковен живот и во Јужна Америка, но тоа не се заврши за да се прошири епархијата, а тој да добие и титула на „јужноамерикански митрополит“.

Истиот извор за дневниот весник Вечер потенцирал дека од редот на архимандритите во МПЦ-ОА ќе бира владика ако треба за дијаспората, бидејќи епархиите во државата биле пополнети.

– Епархиите во земјава веќе се пополнети и тука не може да се очекува нова реорганизација. Во нив нема место за нови владици. Места може да се наоѓаат само во странство, но околу тоа треба да се постигне договор откако ќе стигне барањето на синодската седница –соговорник од Синодот за Вечер.

Ова размислување на анонимниот член на Синодот е интерсно, особено што ставот дека прашањето за епархиите во државата е затворено и дека не се очекува реорганизација, практично е затворање пред време на темата, што како прва точка на дневниот ред за оваа седница, која и наменски за тоа беше закажана, а се однесува на барањето на поранешните владици на ПОА, кои бараат токму реорганизација на епархиите во државата, поради нефункционалноста. Дали анонимниот соговорник на дневниот весник Вечер предвреме ја навести одлуката и пред да биде донесена, ќе покаже одржувањето на седницата следната недела.

Од друга страна пак, ако се анализира логиката на владиката Петар, кој изјави дека во Европа имало повеќе од 500.000 верници и дека тоа значи дека станува збор за голема епархија, а во тој контекст и размислувањето на анонимниот владика од дневниот весник Вечер, дека тоа Синодот тој факт треба да го има во предвид, тогаш сосема логично е на синодската седница на 26 мај да биде пиставено и прашњето за поделба на Скопската епархија. Таа во себе инкорпорира повеќе од 500.000 верници, а и секако како важен аргумент за поделба оди во прилог и фактот дека цела Македонија, ако не во Европа, се преселува во Скопје.

Архиепископот Стефан, кој сега управува со Скопската епархија, а воедно е и админисгтратор на Австралиско-сиднејската, кој управува и со дел од Дебарско-кичевската епархија (Света Софија, манастирскиот комплеск Плаошник, Калишта), до сега не побарал помош за управувањето, но можеби треба да се размисли и на некој наин да се помогне, дали со уште една, или уште две епархии, за тоа ќе треба да се изјасни поркај Синодот и самиот Архиепископ.

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img