Вартоломеј телефонски разговарал со Шио

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј I вечерта на 17 мај 2026 година имал, како што велат од Фанар, братски телефонски разговор со грузискиот патријарх Шио III, по повод присуството на официјалната патријаршиска делегација во Тбилиси на првата патријаршиска и синодска Божествена литургија на новоизбраниот грузиски поглавар.

-Во текот на разговорот, Вселенскиот патријарх лично му ги пренел своите срдечни желби на Шио III за плодна и долготрајна првојерархиска служба, за доброто на верниот грузиски народ и напредокот на земјата.Патријархот Шио III му заблагодарил на Вселенскиот патријарх за искрените желби и изразил братски чувства на љубов и почит кон него, стои во соопштението.

Официјалната патријаршиска делегација на Вселенска патријаршија, која учествува на свеченостите во Тбилиси, ја сочинуваат архиепископот на Тијатира и Велика Британија Никита, митрополитот на Силиврија Максим и великиот синѓел Јероним.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img