Почетна Вести Иранскиот претседател на средба со папата Франциско
Иранскиот претседател на средба со папата Франциско

Иранскиот претседател на средба со папата Франциско

230
0

Хасан Роухани ќе допатува во Ватикан на официјална средба со поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск, објавија европските медиуми, повикувајќи се на извори на Франспрес.

Засега не е познат точниот датум на средбата меѓу Иранскиот претседател Хасан Роухани и папата Франциск, но се очекува таа да се случи до крајот на јануари 2016 година.

Иако Иран е муслиманска земја, во која воопшто не е лесен животот на малубројните христијани, сепак, Светата столица ги поздравила напорите на претседателот Роухини, избран во 2013 година, околу решавањето на нуклеарниот спор меѓу Иран и Соединетите Американски држави.

Роухини е избран после долгогодишното владеење на Махмуд Ахмадинежад и се смета за припадник на умерената струја спремна на компромис.

Инаку, иранскиот претседател требало да го посети Ватикан уште во ноември годинава, во склоп на пошироките посети, кои ја вклучувале и Франција, но патот бил одложен по нападите во Париз.
Последен службен пат на некој ирански претседател се случил во 1999 година, кога тогашниот поглавар Мохамад Кхитами се сретнал со папата Иван Павле Втори.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *