Викарниот епископ Стобиски Јаков го освети новиот хотел „Косара“, кој е дел од туристичкиот комплекс „Терме Парило“. На свеченоста беа одбележани и 44 години од постоењето на хотелот „Цар Самуил“, како и новата развојна визија на комплексот.
Инвеститорите Никола и Магдалена Пандеви ја претставија визијата за понатамошен развој, која се темели на природните ресурси на овој крај, термоминералната вода и примената на современи пристапи во медицината, рехабилитацијата и велнесот.
Амбицијата, како што беше посочено, е „Терме Парило“ да се позиционира како препознатлива туристичко-здравствена дестинација, со понуда што ги поврзува здравствените услуги, одморот и современите велнес-содржини.
На свеченоста присуствуваа и министерот за здравство Сашо Клековски, в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, како и градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков.
Осветувањето на новиот хотел беше дел од свеченоста со која комплексот „Терме Парило“ го најави своето натамошно развивање и проширување на туристичката и здравствената понуда.





