Рускиот амбасадор Зиков во посета на манастирот Зрзе, се сретна со епископот Климент

Date:

Share post:

Рускиот амбасадор во Северна Македонија, Дмитриј Зиков, на 6 октомври го посетил манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе, во близина на Прилеп, каде се сретнал со епископот Хераклејски Климент.

За посетата објави Руската амбасада во Скопје.

Во текот на средбата, шефот на руската дипломатска мисија му подарил на епископот Климент примерок од Православната енциклопедија.

Вработени во Руската амбасада положија цвеќе на гробовите на руските подвижници кои живееле во манастирот – игуманиите Ирина и Параскева, стои во објавата.

Од Руската амбасада наведуваат дека нивните гробови се внесени во списокот на погребни места надвор од Русија кои имаат историско и меморијално значење за Руската Федерација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img