Патријархот на Српската православна црква Порфириј му упати честитка на архиепископот атински и на цела Грција Јероним по повод годишнината од неговата епископска хиротонија.
Во честитката, Порфириј му посакува на Јероним и понатаму да биде „добар пастир“ на довереното Христово стадо, а воедно испраќа братски поздрави до клирот и верниот народ на Грчката православна црква.
-Поттикнати од искрената братска љубов, со сите добронамерници и пријатели на Вашето богољубие, се сеќаваме на денот кога благодатта на Сесветиот Дух Ве воздигна на степенот на епископството и најсрдечно Ви ја честитаме уште една годишнина од Вашата архиерејска хиротонија.
Молејќи се и понатаму да бидете добар пастир на довереното Ви Христово стадо, и Господ да Ве дарува со сите свои земни и небесни добра, го прегрнуваме во Ваше Блаженство и целиот христољубив клир и верниот народ на сестринската за нас Грчка архиепископија, испраќајќи Ви целив на мирот и братски поздрави!“, стои во честитката.

