Ерусалимскиот патријарх Теофил III сака средба со Путин и Зеленски како посредник за Украина

Date:

Share post:

Ерусалимскиот патријарх Теофил III изјави дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел да придонесе како посредник во напорите за изнаоѓање решение за војната во Украина.

„Во таа смисла, настојуваме да се сретнеме и со претседателот Путин и со Зеленски, во рамките на овие напори. Со нетрпение очекуваме можност да соработуваме со нив за отворање канали за комуникација и започнување конструктивен дијалог“, изјави Теофил III во интервју за американскиот портал „Брајтбарт њуз“.

Патријархот притоа го опиша Путин како верник и член на Православната црква.

Тој истакна дека мисијата на Ерусалимската патријаршија, која ја опиша како „мајка црква“, не е ограничена на односите со една конкретна помесна православна црква, туку има поширока одговорност.

„Нашата одговорност е поширока“, порача Ерусалимскиот патријарх, говорејќи за можноста Црквата да придонесе во воспоставувањето комуникација меѓу страните.

Информацијата за можната посредничка улога на Теофил III се појави уште во јуни. Тогаш израелскиот портал Ynet објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржал кандидатурата на Ерусалимскиот патријарх како посредник во напорите за постигнување решение за конфликтот меѓу Русија и Украина.

Ерусалимската патријаршија е една од најстарите православни патријаршии, а нејзината историска позиција и врските со православниот свет му даваат на Теофил III специфична улога во обидите за црковно и дипломатско посредување.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img