Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар во неделата, 23 август, служеше Божествена Литургија во храмот „Вознесение Христово“ во село Добрушево, Битолско, каде што изврши и свештеничко ракополагање.
Во текот на Литургијата, митрополитот Петар го ракоположи ѓаконот Димитар Поп Атанасов во свештенички чин. Со ракополагањето тој ја прими благодатта на свештенството и ќе ја продолжи својата служба во МПЦ-ОА како свештенослужител.
На истата богослужба, митрополитот Петар го ракопроизведе и Јоцо Здравевски во чин чтец.
Од Преспанско-пелагониската епархија истакнуваат дека свештеничката служба носи голема одговорност и подразбира посветеност, жртва и сведочење на Христовото Евангелие, како и духовна грижа за верниците.

