Мадона: „Го почувствував Божјото присуството“

Date:

Share post:

Светски познатата пејачка Мадона повторно сподели духовни впечатоци од своето патување низ Грција, овојпат од Патмос – островот нераскинливо поврзан со Свети Јован Богослов и Откровението.

Во објава на социјалните мрежи, придружена со фотографии од нејзината посета, Мадона напиша дека на Патмос силно го почувствувала Божјото присуство.

„Молитви од Патмос! Каков магичен остров. Навистина го почувствував присуството на Бога таму“, напиша Мадона.

Таа се осврна и на личното значење што за неа го има враќањето во Грција заедно со нејзиниот син Роко.

„Првиот пат кога отидов во Грција бев во седмиот месец од бременоста со Роко. Сега повторно да го однесам таму, како возрасен човек, беше момент во кој се затвори еден круг. Да се поврземе повторно. Да се потсетиме. Добро е за душата!“, напиша пејачката.

На објавените фотографии Мадона е прикажана и во молитвени моменти, како пали свеќа во храм. Нејзината посета на Патмос следува во рамките на престојот во Грција, во текот на кој таа посети и други места со силно православно духовно и културно значење.

/crkovenzurnal.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img