Шио III ќе го посети Фанар: Средба со претставникот на Вартоломеј во Тбилиси

Date:

Share post:

Грузискиот патријарх Шио III во неделата, 16 август 2026 година, во Патријаршијата во Тбилиси го прими митрополитот Халкедонски Емануил, претставник на Вселенската патријаршија, при што биле разгледани и подготовките за идната посета на грузискиот поглавар на Фанарот.

Средбата се одржала во топла и пријателска атмосфера, а главна тема биле односите меѓу Вселенската патријаршија и Грузиската православна црква, како и нивното понатамошно зајакнување.

На средбата присуствувале и архиереи и свештенослужители на Грузиската православна црква, меѓу кои митрополитот Ахалцихски и тао-кларџетски Теодор, митрополитот Хуниски и самтредиски Сава, митрополитот Зуѓдидски и цаишки Герасиме, како и митрополитот Гориски и атенски Андрија, кој е претседател на Одделот за надворешни односи на Грузиската патријаршија.

Вартоломеј го покани Шио во Константинопол

Митрополитот Емануил му ги пренел на патријархот Шио III братските поздрави од Вселенскиот патријарх Вартоломеј и му ја честитал интронизацијата за поглавар на Грузиската православна црква.

Во текот на разговорот било потврдено дека значаен дел од средбата бил посветен на идната посета на патријархот Шио III на Константинопол.

Емануил му пренел и директна порака од Вартоломеј до грузискиот поглавар:

„Со голема радост Ве очекуваме.“

Митрополитот Емануил нагласил дека односите меѓу Цариградската и Грузиската патријаршија се блиски и претставуваат дел од наследството што зад себе го оставил покојниот грузиски патријарх Илија II.

Тој оценил дека изборот на Шио III бил позитивно примен во Вселенската патријаршија и изразил уверување дека тоа ќе биде „темел за продолжување на вековните односи“ меѓу двете Цркви.

На средбата биле споменати и погребот на покојниот грузиски патријарх Илија II и посетата на Вселенскиот патријарх Вартоломеј на Грузија по тој повод.

„Ова беа многу тешки месеци за нас, по упокојувањето на Неговата Светост и додека нашата Црква го продолжуваше својот живот без него“, рекол патријархот Шио.

Тој потсетил и на честитката што ја добил од Вселенскиот патријарх по неговиот избор, истакнувајќи дека „никогаш нема да ги заборави“ зборовите што тогаш му биле упатени.

Патријархот Шио III изразил надеж дека неговата прва средба со Митрополитот Емануил лице в лице по интронизацијата ќе биде почеток на уште потопли односи меѓу двете православни цркви.

Посетата на патријархот Шио III на Фанар би претставувала значаен дипломатски и црковен момент во односите меѓу Грузиската православна црква и Вселенската патријаршија, особено во периодот по изборот на новиот грузиски поглавар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img