Папата Франциск ги повика светските политички лидери да ги отворат вратите за бегалците и да спречат светска хуманитарна катастрофа. Во средата Папата ја повтори својата желба во име на десетина илјади кои се борат да влезат во другите држави, бегајќи од војните и насилството, светските лидери да ги отворат своите срца и со тоа и вратите за мигрантите и бегалците.
-Колку наши браќа моментално живеат вистински драматични ситуации како бегалци далеку од своите домови, во очите полни со разрушени нивни домови, а во своите срца со страв и многу често, за жал, со болка бидејќи ги загубиле најмилите, изјавил Франциск на 16 март.
Папата потсетил дека мигрантите и бегалците, кои побегнале од насилство во своите држави, често наидуваат на затворени врати во обидот да влезат во други држави.
-Овие луѓе патат поради загубите во земјите, тие се со недостаток на храна, но и не се чувствуваат како добредојдени, потенцирал римокатоличкиот поглавар, додавајќи дека сака да ги види националните влади како ги отвораат своите срца и вратите за мигрантите.

