Папата доби биста во центарот на Тирана

Date:

Share post:

Папата Фрациск доби биста во центарот на албанскиот главен град Тирана. Бистата со неговиот лик е поставена на булеварот „Народни херои“ пред Камбаната на мирот, до познатиот објект Пирамида.

Одлука за поставувањето на спомен обележјето е донесена е едногласно од страна на Советот на општина Тирана.

На откривањето на бистата присуствуваа голем број претставници од политичкиот и верскиот живот, меѓу нив и шефот на албанската држава Бујар Нишани. Тој високо го оцени ликот на папата Франциск, заблагодарувајќи му што токму Албанија ја избра за почеток на неговата турнеја низ Европа.

Под бистата е поставен натпис, кој е дел од обраќањето на Франциск при неговата дводневна посета на Тирана на 21 и 22 септември 2014 година.

-Орелот симбол на вашата татковина не го заборава гнездото, иако се искачува во височините, лета многу високо, пишува на постаментот на кој е поставена бистата.

Франциск беше втор папа кој ја посети Албанија, по Јован Павле Втори кој престојуваше во земјата на 25 април 1993 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img