Архимандритот Дамјан Цветковиќ, поранешен секретар на Епархискиот управен одбор на Жичка епархија, по наредба на членовите на Синодот се наоѓа во своевиден притвор во Манастирот Студеница, бидејќи не прифатил лажно да сведочи против својот духовен отец, владиката Јустин Жички, објави на својот фејсбук профил, Мирослав Вујаниќ, верски аналитичар од Србија.
Тој пишува дека на отец Дамјан му бил одземен телефонот, и дека бил под надзор 24 часа и никаде не може да се движи без придружба.
-Дури и посетите се ограничени и контролирани. Ако не сте блиски роднини — ќе ви кажат дека „не е тука“. Ако сте — ќе добиете краток разговор под надзор. А кои се неговите „гревови“? Тоа што воведувал ред. Што не дозволувал епархиските работи да се водат со мафијата. Што се обидел да воведе финансиска дисциплина и да прекине многу свештенички работи „под маса“. И што не дал благослов на режимски гласноговорници и политички пропагандисти како Драгослав Бокан да држат свои отровни предавања низ Жичката епархија. Тоа се неговите „гревови“. А ние? Ние молчиме. Се преправаме дека сме „молитвени“, „смирени“ и „неутрални“, убедувајќи се себеси дека молчењето е некаква духовност, напиша Вујаниќ на Фејсбук.

Мирјаните, особено оние без автентичен православен подвиг, не знаат што е монах. Монахот е човек кој се предал себеси на доживотно послушание, и на доброволна смрт за светот. Каков мобилен телефон, какви одлуки?! Монахот нема ништо, ништо такво. Ако му бил даден мобилен телефон, тој не бил негов туку на тој што му го дал. Против монахот не може да биде извршен тој вид на злосторство за кој овде говорите. Бидејќи монахот е мртов за овој свет. Неговите средства за комуникација и алатки се други, не се материјални. Ако ги претрпи искушенијата, какви и да се, на монашки начин, ќе доживее голем духовен раст. А за политички активизам монахот ниту чул ниту сака да расудува околу тоа или пак да се меша во некоја таква работа. Тоа е се’ што може да се каже за монахот на овие теми. Се’ додека е монах.