Политичка канонизација во улога на идеолошко православие

Date:

Share post:

РПЦЗ се обидува да ја приватизира оваа побарувачка преку создавање култ на нов светител, чиј лик многу брзо ќе почне да генерира профит

Пишува: Сергеј Чапнин (фејсбук статус)

Најнапред, ова е сосема очигледно политичка канонизација – или, поточно, уште една политичка канонизација, и речиси сум сигурен дека Синодот на РПЦЗ е целосно свесен за тоа. (Канонизацијата РПЦЗ за Серафим Роуз. заб. на ред.) Ова е канонизација на една многу специфична верзија на православието, која искрено треба да се нарече „идеолошко православие“: пакет од одговори, ставови и непријатели, каде што православието функционира повеќе како систем на светоглед отколку како пат на живот во Христос.

Во моментов постои растечка побарувачка токму за вакво нешто: за идеологија наместо православие, за јасни идентитетски обележја, силни граници и однапред подготвени објаснувања за светот. РПЦЗ се обидува да ја приватизира оваа побарувачка преку создавање култ на нов светител, чиј лик многу брзо ќе почне да генерира профит – барем симболички и репутациски, а сосема возможно и финансиски, преку изданија, поклонички патувања, иконографија и целиот традиционалистички ниш-пазар.

Вистинската трагедија, според мене, е што во денешна Америка речиси и да нема ништо доволно силно што би се спротивставило на ова внатре во самото православие. Сериозната православна теологија од 20 век во САД главно е во доменот на академици и мал круг „либерални православни“, додека за пошироката црковна јавност најгласната и највидлива опција е токму идеолошкото православие во неговите различни облици.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here