Десетти самит на верските лидери на Балканот, кој годинава е во организација на Исламската верска заедница во Скопје. Реисот Ул Елема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи со порака за обединување, соживот и надминување воените проблеми кои се настанати.
Претседателот на Дирекцијата за верски прашања на Турција, Сафи Арпагуш со поздрави од претседеталеот на Турција, Реџеп Таип Ердоган потсетувајќи дека исламот има значајно влијание кон животот.
На настанот се обратија и претседателот на Собранието Африм Гаши и министерот за европски прашања, Беким Сали. За разлика од Гаши, сали се обрати и на македонски јазик.
Од Комисијата за верски прашања со порака да си веруваме едни на други.
Во воведниот дел на обраќањата немаше други лидери од останатите верски заедници кои се обратиија со свои пораки.
На самитот претставници имаше од МПЦ-ОА и од Евангелистичката црква.






