Српскиот патријарх Порфириј им го честита Рамазан Бајрам на муслиманите во Србија. Во честитката до српската ИВЗ и верниците муслимани, Порфириј порачува дека е искулително драгоцен и достоен за секоја пофалба подвигот што браќата муслимани го вложија за рамазанскиот пост.
-Чест ни е и радост на сите браќа и сестри од муслиманска вероисповед, а особено на оние кои живеат со нашиот народ во татковината и дијаспората, да им упатиме срдечни честитки по повод завршувањето на Рамазан и празнувањето на Бајрам, со најискрени желби овој голем празник да го прослават во љубов, здравје и вистинска радост. Секое човечко настојување да внесе мир и љубов во современиот свет, исполнет со бројни немири, кризи и страшни војни, е најубав дар кон нашиот Творец и дарител на сите добра и залог на надеж дека Неговата блага волја ќе триумфира и покрај сè. Оттука, и за нас, како и за сите луѓе со добра волја, без оглед на верските и другите разлики, исклучително е драгоцен и достоен за секоја пофалба подвигот што нашите браќа и сестри муслимани го вложија во текот на Рамазан, а кој во овие благословени денови е крунисан со празникот Бајрам. Нека ви е на сите благородниот Бајрам среќен и благословен!, порачува во честитката Патријархот српски Порфириј.
