Верниците од исламска вероисповест денеска го слават Рамазан Бајрам, еден од најголемите муслимански паразници.
Фитер Бајрам е празник по светиот месец Рамазан, во кој Муслиманите постат.
Поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи во честитката за празникот порача дека во текот на постот Муслиманите ја покажале љубовта, добрината и почитта.
-Мирот што го негувавме за време на постот, покажавме дека човештвото треба да биде посветено на почитување на човечките вредности, порача Фетаи.

