СПЦ извади свој бренд на вино на пазарот

Date:

Share post:

Српската патријаршија влегува во бизнисот со вино и на пазарот почна да продава свое вино, под брендот „Литургиско вино“.

Произведено е во Патријаршиската подрумска винарија во Сремски Карловац. Одлуката да се најде во промет ова вино ја донел Патријаршискиот управен одбор.

Виното е пакувано во специјални шишиња од 1л, 0.7 Л и 0.2Л, со специјално дизајнирана етикета. Сe продава по цени за малопродажба и на големо. 1 литар во малопродажба е 660 српски динари, или околу 6 евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img