Денеска е именден на владиката Агатангел

Date:

Share post:

Повардарскиот митрополит Агатангел денеска го слави својот именден. Агатангел го носи името на светиот Агатангел Битолски, кој се слави на 12 март.

Митрополитот Повардарски, денеска во сослужение на бројно свештенство од Повардарската епархија, отслужи Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

-Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото паство на Повардарската епархија се произнесе протоереј Борислав Бобевски, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ, велат од епархијата.

На Литургијата, покрај верници од сите градови во Повардарската епархија, присуствуваа и Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, пратениците, Игор Здравковски и Александар Јамалов, како и бројни претставници на институциите на град Велес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img