Околу 64% од православните верници во САД кои пораснале во Црквата остануваат православни и како возрасни

Date:

Share post:

Нова анализа на Метју Неми од Институтот за православни студии (Orthodox Studies Institute – OSI) покажува дека приближно шест од десет лица кои пораснале во православно семејство во САД остануваат дел од Православната Црква и во зрелата возраст.

Анализата се темели на податоците од истражувањата Religious Landscape Study на Pew Research Center од 2014 и 2023–2024 година.

Според најновото истражување, 64% од испитаниците кои израснале во православно семејство и понатаму се идентификуваат како православни христијани. Во претходното истражување од 2014 година, процентот бил сличен – 58%.

Во споредба со другите христијански заедници во САД, православните имаат поголема стапка на задржување на верниците од католиците, кај кои изнесува 56%, но помала од протестантите, кај кои достигнува околу 70%.

Од 96 испитаници кои пораснале во православно семејство, но ја напуштиле верата според истражувањето од 2024 година, повеќето – 54 лица – изјавиле дека целосно ја напуштиле религијата. Останатите преминале во протестантски заедници, католицизам или други религии.

И покрај тоа што дел од нив ја напуштиле Православната Црква, вкупно 74% од лицата кои пораснале во православна средина во 2024 година и понатаму се идентификуваат како христијни во некаква форма. Во 2014 година овој процент изнесувал 76%.

Анализата покажува дека разликите меѓу мажите и жените се минимални. Комбинираните податоци од двете истражувања покажуваат дека 63% од мажите остануваат во Православната Црква, додека кај жените процентот изнесува 60%.

Институтот за православни студии исто така анализирал резултати од десет помали анкети спроведени од 2014 година до денес, во кои учествувале 237 лица израснати во православна средина. Од нив, 128 останале во Црквата, што претставува стапка на задржување од 54%.

Податоците од General Social Survey за истиот период покажуваат слична бројка – околу 52% од испитаниците кои пораснале православни останале во Црквата.

Метју Неми наведува дека Институтот за православни студии планира да спроведе дополнителни истражувања за подобро да ги разбере причините поради кои дел од луѓето кои пораснале во православна средина ја напуштаат Црквата во зрелата возраст.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img