Во манастирот во Рајчица пристигнаа мошти на свети Василиј Велики, поадрок од Романската црква

Date:

Share post:

Дел од моштите на Свети Василиј Велики ќе бидат дел од манастирот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица. Моштите на еден од најголемите столбови на Црквата Христова и неуморен проповедник на правата вера од првите векови, Свети Василиј Велики пристигнале вчера во манастирот, а ги подарил јеромонахот Стефан Симион од Православната Црква на Романија, игумен на манастирот на светиот пророк Илија во Италија, во регионот Лацио.

-Препознавајќи него жив и силен континуитет на светоотечкото предание, игуменот отец Стефан одлучил оваа скапоцена реликвија да ја испрати токму во манастирот Рајчица, доверувајќи го нејзиното пренесување на искушеничката Луминица, член на сестринството на Обителта, велат од Бигорски.

-Историјата на оваа света реликвија дополнително го потврдува нејзиното исклучително значење. Имено, светите мошти му биле подарени на отец Стефан од ризницата на реликвии на Католичката црква, кои низ историјата биле пренесени од Истокот. За нивната автентичност сведочат оригиналните ватикански печати, втиснати под самите мошти, како и на задната страна од реликвијарот во кој тие се положени, објаснуваат од манастирот, потенцирајчќи дека пристигнувањето на овој голем благослов – самиот свети Василиј Велики преку неговите чесни мошти – било дочекано со неискажлива духовна радост.

Нивниот траен престој во манастирот Рајчица веќе се претвора во извор на благослов за верниот народ, кој отсега ќе има можност со вера и смирение да побара молитвено застапништво пред моштите на овој велик Христов јерарх.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img