БПЦ ги јакне односите со Фанар – Вартоломеј поканет на изборот и устоличувањето на новиот бугарски Патријарх

Date:

Share post:

Бугарската православна црква успешно се престројува на страната на Вселенската патријаршија, напуштајќи ја политиката на верност што досега ја имаше кон Руската православна црква.

Откако вчера се случи историско сослужување на пет архијереи од Бугарската црква со архијереи на автокефалната црква на Украина во Фанар, БПЦ сега влеќе уште еден потег на блискост со Вселенската патријаршија.

Високата и бројна црковна делегација од Софија, која е неколку дена во посета на Фанар го кани Вселенскиот патријарх Вартоломеј да присуствува на изборот и на интронизацијата на новиот бугарски Патријарх. Меѓу бугарските гости се и политичари и јавни личности од Бугарија.

Веста ја објави Вцеленската патријаршија, а таа претставува исклучително важен чин на јакнење на односите меѓу двете цркви.

-Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Саботата напладне, 18 мај 2024, прими повеќечлена Делегација од Јерарси, клирици и мирјани поклоници од Најсветата Црква на Бугарија, на чело со Високопреосвештениот Митрополит Филипополски (Пловдиски) г. Николај. Во својот краток поздрав, Сесветиот со срдечност им посака добредојде во седиштето на Мајката Црква, на Високопреосвештените Митрополити Филипополскиот г. Николај, Старозагорскиот г. Кипријан и Доростолскиот г. Јаков, Преосбештените Епископи Величкиот г. Сиониј, Игумен на Свештените Обители Тројанска и Бачковска и Смољанскиот г. Висарион, Викарен на Митрополитот Филипополски, клириците како и чесните господа Радомир Чолаков, Пратеник од политичката партија ГЕРБ, Здравко Димитров поранешен градоначалник на Филипополис (Пловдив) и Борис Калибачев, бизнисмен, и група јеропсалти, стои во соопштението од Вселенската патријаршија.

-Примив едно љубезно писмо од братот Митрополитот Врачански Григориј, кој во името на целата Најсвета Црква на Бугарија, ме кани да бидам присутен на изборот и на востоличувањето на новиот Претстојател на братската Црква на Бугарија. Многу љубезно од ваша страна лично да го поканите Вселенскиот Патријарх во еден историски момент од животот на вашата Црква, изјавил Вартоломеј пред гостите од Бугарија.

Иако Вселенскиот патријарх им предочил на гостите дека за 30 јуни, кога е определен датумот за избор на новиот патријарх, имал потврдена агенда на посети, но дека ќе ја откаже, за да отпатува во Софија.

-Ќе се обидам да ја променам програмата, бидејќи ја сметам за многу значајна и благословена таа покана, а соодветна е и мојата желба да одговорам. Се надевам братот Митрополит на Арта, во која треба да богослужам тој ден, да покаже разбирање и да ја промениме програмата, им посочил Вартоломеј на бугарските гости.

Завршувајќи го својот говор, Патријархот нагласил:

-Живееме во едно тешко време за кое сведоштвото на Православната Црква е повеќе од задолжително и за тоа сведоштво ни е потребно единство и љубов, да би биле веродостојни. Од тој аспект, повторувам, дека вашата посета, средбата на сите нас, во Мајката Црква е историска, е многу значајна. Не забораваме дека Бугарската Црква е првородната ќерка на Црквата Константинополска. Затоа, дури и ако посредуваа непожелни моменти во животот на нашите Цркви во минатото, врската Мајка и првородна ќерка е секогаш врска свештена и неуништлива, изјавил  Вселенскиот Патријарх.

Митрополитот Пловдиски Николај, пак ја изразил трогнатост и радост за посетата на Мајката Црква, на Вселенската Патријаршија, но и за можноста да богослужат во Свештениот Храм на Свети Стефан на Бугаројазичната Заедница, која се наоѓа во околината на Фанар.

-Беше тоа момент од големо духовно значењето, пример за добри врски и љубов помеѓу две сестрински Цркви, изјавил Митрополитот на БПЦ Николај.

Вселенската патријаршија соопшти дека бугарската делегација и украинскта делегација, кои вчера сослужуваа, имале заедничка вечера на бреговите на Босфорот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img