И во срцето на Холивуд се служи православна литургија

Date:

Share post:

Православната вера има свое место и во Лос Анџелес, градот на Холивуд и светската филмска индустрија. На 14 октомври, во храмот „Покров на Пресвета Богородица“, архиепископот Кирил од Руската задгранична православна црква отслужи Божествена литургија по повод храмовиот празник.

На литургијата му сослужуваа епископот Петар од Сиетл, викар на Западноамериканската епархија, и свештеникот Сергиј Новичков, настојател на храмот. Богослужбените песнопенија ги изведе црковниот хор под раководство на Олга Сорокина.

По литургијата беше одржана литија околу храмот, по што архиепископот Кирил им го честиташе празникот на свештенството и верниците и им го пренесе својот архипастирски благослов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img