Благодатниот Оган на скопскиот аеродром ќе стаса околу 20 часот

Date:

Share post:

МПЦ-ОА и официјално соопшти детали за утрешното пристигнување на Благодатниот оган од Ерусалим и во Македонија.

Како што беше најавено, годинава Благодатниот оган во Македонија ќе пристигне преку Бугарската Православна Црква.

На аеродромот во Софија ќе го пречека Бугарскиот Патријарх Неофит, а таму ќе биде и Владиката Иларион од Брегалничката епархија на МПЦ-ОА.

Благодатниот оган се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром „Скопје“ на 07.04.2018 година, во периодот меѓу 19.30 – 20.00 часот. Оттаму истиот ќе биде преземен од претставници и пренесен по епархиите и храмовите низ државата. Се покануваат заинтересираните медиуми да го проследат настанот. Добро Воскресение!, стои во соопштението на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img