Владиците Пимен и Јосиф на прием на Милан Бандиќ – градоначалникот на Загреб

Date:

Share post:

Надлежниот митрополит на Европската епархија, во која влегува Хрватска, Владиката Пимен имал средба со градоначалникот на Загреб Миланд Бандиќ, денеска во Загреб.

Заедно со отец Пимен бил и Тетовско-гостиварскиот Митрополит, г. Јосиф кој е исто така во посета на Европската Епархија. На средбата во кабинетот на Бандиќ присуствувале и Архиерејскиот заменик протоереј-ставрофор Блажо Казарски и парохискиот свештеник од Загреб протоереј-ставрофор Кире Велински.

Митрополитот Пимен лично му се заблагодарил на градоначалникот Бандиќ за за несебичното залагање за изградбата на новиот православен храм на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во главниот град на Хрватска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here