Патријарх Иринеј: СПЦ единствено ќе прифати договор во кој Косово е дел од Србија

Date:

Share post:

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Иринеј изјавил дека единствениот договор што СПЦ го прифаќа е оној во кој Косово е дел од Србија.

– Тоа е апсолутно ставот на Црквата и таму ништо не е променето. Ние сепак ќе видиме во кој правец се одвиваат преговорите меѓу српската и албанската страна, сè уште се запознаваме со ова материјата, изјави патријархот Иринеј за „Нова.рс”, коментирајќи ги преговорите кои претходните денови се одвиваа меѓу Белград и Приштина.

Тој истакна дека Српската православна црква ќе се вклучи во преговорите за Косово, доколку добијат покана.

– Ако некој нè покани и ни даде шанса, ние ќе се вклучиме во разговорите за Косово. Во спротивно, сигурно ќе го следиме напредокот на преговарачкиот процес, рече Иринеј.

1 COMMENT

  1. Голем минус за Вас … не знам зошто воопшто објавувате вакви текстови … ова нема врска ни со вера, ни со религија … како и се околу горенаведениот …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img