Професорите по Етика на религиите ја поздравува иницијативата за враќање на веронауката во училиштата

Date:

Share post:

Асоцијацијата на професори по предметот „Етика во религии“ изразува благодарност до Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи за денешното јавно промовирање и застапување пред надлежните институции на предлогот на професорите и на верските заедници за воведување на задолжителен предмет кој во својата содржина ќе опфати тематски единици што ќе изучуваат одредени сегменти од етичкиот и историско-културниот аспект на религиите.

-Всушност, ова претставува позитивен сигнал во однос на долгогодишните заложби на Асоцијацијата, чии членови – професорите по предметот „Етика во религии“ веќе 17 години се трудат да ги научат нашите млади генерации на етичките вредности коишто произлегуваат од религиите. Низ изминатите години религиското образование постојано беше исправено пред многу предизвици: укинување, менување на статусот до ниво на невидливост во образовниот процес, нерешен работен однос на професорите, кои подеднакво се вложуваат во образовниот процес како и своите колеги, неприфаќање на предлозите за задолжителност на ваквиот тип содржини итн. Иразуваме силна надеж дека процесот ќе продолжи и ќе ја добие посакуваната форма на реализација – религиско образование, коешто ќе биде комплементарно со секуларното уредување на државата, со професори – дипломирани теолози и специјалисти по методика на религиско образование, кои ќе засноваат редовен работен однос, стои во соопштението на Асоцијацијата.

Потсетиваат дека барањето што Асоцијацијата го испрати како предлог за надминување на овој предизвик, предвидува: 1. Предметот „Етика во религиите“ да биде вратен во групата на задолжително изборни (сега е во слободно изборни); 2. да се воведе редовен предмет „Религиско и културно наследство“; 3. Предметите да бидат предавани исклучиво од дипломирани теолози коишто ќе засноваат редовен работен однос и сл.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Киев: Манастирот „Св. Јона“ оштетен од руски ракети

Манастирската црква на Света Троица во манастирот „Св. Јона“ во Киев претрпе оштетувања поради ноќниот ракетен напад, објави...

Тиктокерка се јавувала по цркви барајќи помош за бебешка храна – каков одговор добила?

Американската тиктокерка Никали Монро веќе неколку недели објавува видеа во кои се јавува на различни цркви со едно...

Немам непријатели, сите ги убив!

Во септември патував за Вашингтон, на покана од фондацијата „Слободна Русија“. Таму се сретнав со американски функционери, аналитичари...

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...