Почетна Вера МПЦ-ОА Прв патрон на Бигорски со свој владика г.Партениј
Прв патрон на Бигорски со свој владика г.Партениј

Прв патрон на Бигорски со свој владика г.Партениј

460
0

По илјадитипат познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител”, познат како Бигорски манастир, го одбележува патронот – Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.

Синоќа и денес, иако не како во изминатите години, кога присуствуваа по две илјади, поради пандемијата со Ковид-19, големото присуство на верниците одбележувањето го прави повеличенствено.

Она што секако ќе биде запишано во славната историја на на манастирот, е што игуменот на манистирот отец Партениј, на богослужбите и Златоустовата литургија првпат отслужува како владика Антаниски г.Партениј. Годинава освен 1000-годшнината од основањето на манастирот се одбележува и четврт век од монашкиот живот на г. Партениј поминат токму во овој божји храм.

Синоќа беше отслужена свечена архијерејска Вечерна богослужба и Молебен канон во чест на Чудотворната икона на Св. Јован, денеска утрена богослужба, а во тек е Светата архиерејска Златоустова литургија на која чиноначалствуваат и митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј и митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Бигорската обител претхподно упати покана за достоинствено и со почит одбележување на патронот, како и строго почитување на мерките за заштита.

-Сите поклоници и посетители совесно да се придржуваат до сите пропишани мерки за здравствена заштита и превенција од вирусот Ковид -19, односно, задолжително да носат заштитна маска, да користат средство за дезинфекција и да го запазуваат потребното социјално растојание, побараа од манастирот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *