Хезболах го повика папата Лав XIV да ја осуди „агресијата на Израел“ пред неговата посета на Либан

Date:

Share post:

Хезболах, во порака до папата Лав XIV пред неговата посета на Либан, го повика поглаварот на Римокатоличката црква, да ја отфрли „неправдата и агресијата“ на Израел врз Либан.

Проиранското либанско движење беше значително ослабено кон крајот на ноември 2024 година по една година непријателства, вклучувајќи два месеци отворено војување со Израел, предизвикано од неговите прекугранични напади на израелска територија на почетокот на војната во Газа.

„Ја користиме оваа можност на вашата посета за да ја потврдиме нашата посветеност на коегзистенцијата“, напиша групата во порака објавена денеска на социјалните мрежи.

„Се потпираме на ставот на Вашата Светост да ја отфрлиме неправдата и агресијата на која нашата либанска нација е жртва на ционистичките освојувачи и нивните поддржувачи“, се додава во текстот во кој ја осудуваат „неприфатливата и континуирана агресија“ на Израел.

И покрај прекинот на огнот што стапи на сила пред една година, израелската војска во последните недели ги интензивираше нападите во Либан, тврдејќи дека сака да го спречи Хезболах да се вооружи, што Хезболах го негира.

На 23 ноември, израелската армија го уби воениот командант на организацијата Хајтам Али Табатабаи во напад во предградието на Бејрут.

Во говорот во петокот, лидерот на Хезболах, Наим Касем, ја поздрави претстојната посета на папата Лав XIV на Либан, велејќи дека им наложил на членовите на неговата организација да достават писмо до папата.

„Оваа посета доаѓа во клучен момент. Се молиме Светиот Отец да помогне во ширењето на мирот во Либан, ослободувањето на земјата и прекинувањето на агресијата“, додаде Касем.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img