Историско видео – православни, католици, Копти – сите на еден глас исповедаа Символ на верата во оригинална форма

Date:

Share post:

Православни, католици, коти, оринталци, сите претставници на христијанските цркви, кои вчера беа на одбележувањето на 1700 години од соборот во Никеја, заеднички на глас го изповедаа Символот на верата во неговата оригинална форма.

Папата Лав, Патријархот Вартоломеј, во првиот ред, Александрискиот патријарх Теодор, и сите претставници на другите цркви, заедно, со сите претставници на Католичката црква, на глас го прочитаа Символот на верата, со што испиша историја, за која подолго време се очекуваше да се случи.

Овој настан има големо значење за процесот на евентуално повторно обединување на Источната и Западната црква, по големиот раскол од 1054 година и се толкува како чекор напред од Католичката црква, особено од Папата, иако тој веќе се соочува со остри критики од дел козервативни католички теолози.

Символот на верата е темел на верувањето на Христијанството. Неговиот текст е утврден на Соборот во Никеја, а православната црква до ден денеска го исповеда во неговата оригинална форма.

Римокатоличната црква во текот на историјата прави промени на текстот, што пак подоцна ќе биде една од причините и за големиот раскол.

Символот на верата има 12 кратки догми. Разликите меѓу Православната и Католичката црква е точката за Светиот дух.

Оригиналната форма, што ја исповеда Православната црква гласи: „И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој исходи од Отецот, Кој со Отецот и Синот е почитуван и славен, и Кој говорел преку пророците“.

Кај Католичката црква, која подоцна го менува текстот и го додава зборот „И од Синот“, (Filioque е латински збор што значи „и од Синот“), учењето е дека Светиот дух произлегува и од Синот (Исус Христос), што пак за православната традиција оваа фраза  е спорна, бидејќи се смета дека Светиот Дух „произлегува од Отецот“, а не и од Синот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img