Почетна Вести Ислам Молк во ИВЗ за изборите за нов поглавар
Молк во ИВЗ за изборите за нов поглавар

Молк во ИВЗ за изборите за нов поглавар

239
0

Исламската верска заедница останува затворена за медиумите и јавноста, тврди Алсат М телевизија.  Четири месеци по заминувањето на Сулејман Реџепи, актуелниот вршител на должноста Реис, Шаќир Фетаху, не одговорил на прашањата на Алсат во врска со организирањето на изборите во ИВЗ. Од оваа институција не одговараат ниту на прашањата за конкретните причини за разрешувањето на Реџепи или за можните извршени злоупотреби.

Алсат тврди дека на прашањата испратени до ИВЗ, само им било одговорено дека реисот дента бил зафатен со обврски и не можел да зборува и дека на прашањата одговориле пред околу три месеци.

Телевизијата сепак, вели дека од тогаш, в.д. поглаварот Фетаху, никогаш не дал конкретни одговори на прашањата на медиумите. Тој во јули рече дека прават анализи во ИВЗ и вети дека во секој момент ќе бидат транспарентни со новинарите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *