Бујар Османи во посета на џамија и црква во Чаир: Се формира посебен сектор – одржување верски објекти

Date:

Share post:

Утрово, кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, преку видео-порака од својата посета на џамија и црква на територијата на Чаир, ја соопшти новата мерка која е дел од неговата програма, се наведува во денешното соопштение на ДУИ, што МИА го пренесува целосно.

Османи најави дека во општинското комунално претпријатие ќе се формира посебен сектор кој ќе се грижи за севкупната хигиена и одржување на верските објекти во општина Чаир.

Оваа идеја, како што истакна Османи, произлегува од разговорите со граѓаните и веќе е широко прифатена.

Доказ за тоа се и позитивните реакции на верските претставници од двете заедници, кои ја поздравија мерката во видеото објавено денес.

„Ова е чекор за зачувување на духовните простори на нашата заедница. Верските објекти конечно ќе се ослободат од оваа обврска со која досега сами се справуваа,“ порача Османи.

Со оваа иницијатива, кандидатот за градоначалник нагласува дека сеопфатната грижа за духовните простори претставува клучен дел од зачувувањето на заедничките вредности и почитувањето на различностите во Чаир.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...