Почетна Верски буквар Богослужбата лечи од депресија?
Богослужбата лечи од депресија?

Богослужбата лечи од депресија?

1.08K
0

„Луѓето, кои патат од депресија не се болни, туку им е одземена целата енергија. Таа се лечи со редовно одење на богослужба.“

Ова е една од значајните поуки кои зад себе ги остави старец Тадеј Витовнички (Штрбуловиќ), од Српската православна црква, кој почина во 2003 година во манастирот Витовица, во источна Србија, блиску до Петровац. Отец Тадеј смета дека светата литургија е најдобриот лек.

-Депресијата се лечи со редовно одење на неделните литургии, како и со задолжителен пост, молитва, исповед и како круна на сето тоа – со причест. Лековите за смирување само создаваат зависност и ништо не помагаат, помага друштво на истомисленици и побожноста. Но, без Светата литургија како основа на сè – нема ништо, а човекот е празен и на неговите проблеми им нема крај, додека лековите ја влошуваат идната состојба, помагајќи му привремено, вели отец Тадеј.

Овој српски архимандрит е запаметен по неговите поуки, како еден од најголемите духовници, кај кого понекогаш се исповедал и самиот патријарх Павле.

Starac_tadej_vitovnickiПо неговата смрт многумина сведочат за чудесни настани кои се случуваат кај неговиот гроб, или од неговите фотографии и икони.

Роден е во Петровац на 19 октомври 1914 година. Крстеното име му е Тома, бидејќи се родил на неговиот празник. Како недоносенче на седум месеци бил крстен веднаш по раѓањето, од страв да не умре, но со чудо Божјо, веднаш по крштението ги отворил дотогаш затворените очи, покажал знаци на живот и почнал да напредува.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *