Светиот Синод на Православната Црква на Украина (ПЦУ), на последната седницата разгледувал две главни прашања. Континуираното мешање на Московската патријаршија во Африка и пастирската дејност на ПЦУ меѓу украинските бегалци во Полска.
Во однос на ситуацијата во Африка, Синодот го разгледа писмото на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во кое се осудуваат неканонските активности на Руската православна црква на канонската територија на Александриската Патријаршија.
Владиците на ПЦУ повторно ја изразија својата целосна поддршка за Патријархот Теодор II од Александрија и го осудија московското шизматичко и антиканонско ширење, нарекувајќи го „вкоренето во еретичката идеологија на Рускиот свет (Руски Мир)“.
Светиот Синод повика Патријархот московски Кирил да биде изведен пред црковен суд и трајно отстранет од патријаршискиот трон. Одобрено е и официјално писмо-реакција кое ќе биде испратено до Вселенскиот Патријарх.
Покрај тоа, Синодот ја разгледа жалбата на Митрополитот Сава од Варшава и цела Полска во врска со свештеничката мисија на ПЦУ во Полска. По разгледувањето на извештајот на Митрополитот Иларион од Ривне и Острог, Синодот утврди дека овие пастирски активности произлегле од потреба, бидејќи свештениците и верниците на ПЦУ во Полска биле соочени со неканонски и нехристијански третман. Одобрено е разјаснувачко писмо кое ќе биде доставено до Полската автокефална православна црква и до Вселенската патријаршија, стои во соопштението.

