Почетна Вести Ислам Заев: Заедницата на селефистите од одреден безбедносен аспект за државата е проблем
Заев: Заедницата на селефистите од одреден безбедносен аспект за државата е проблем

Заев: Заедницата на селефистите од одреден безбедносен аспект за државата е проблем

285
1

Државата треба да постапува и да изнајде решение на прашањето за регистрацијата на верската заедница на селефистите, која не само што е проблем од аспект на законот кој пропишува кој смее да биде регистриран како верска заедница а кој не, туку претставува проблем и од безбедносен аспект за државата, изјави премиерот Заев ден откако јавноста дозна за оваа верска заедница преку прес конференцијата на ИВЗ.

Исламската верска заедница ќе го чека исходот од Апелациониот суд каде имаат поднесено претставка против одлуката на судијката Сузана Дончевска од граѓанскиот суд, со која одлука е регистрирана верската селефистичка заедница,, Дар Ел Хадис“ со седиште во Скопје, а не исклучуваат можност за тужба и за самата судијка. Од ИВЗ веруваат дека сето ова се прави за поделба на верниците а не би сакале ниту да помислат дека зад сето ова стои и одредена политичка партија. Селефизмот се смета за секта во исламот.

На овие простори и во Европа се појавува од деведесетите години наваму а како правец во исламот потекнува од Иран, Сирија и Саудиска Арабија. Селефистите не ги признаваат четирите основни учења врз кои почива исламот. Ова ултраконзервативно движење се појавило во сунитскиот ислам во втората половина на 19-от век.

Го признаваат шеријатот, па според нив слефистот не треба да се образува на факултети,не треба да се занимава со политика. Селефистот поинаку го практикува исламот носи долга брада и покуси пантолони. Обично селефистите ги поврзуваат со радикалниот ислам за кој е својствен фундаменталистичкиот пристап во исламот. Исламските заедници од Балканот не ги признаваат селефистите.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *