На 30 март 2026 година во Институтот на Франција се одржа свеченоста за прием на Вселенскиот патријарх Вартоломеј како надворешен член на Француската академија за морални и политички науки.
Со овој чин, патријархот го зазема местото кое претходно му припаѓаше на истакнатиот теолог Јозеф Рацингер, подоцна папа Бенедикт XVI.
Неговото избирање беше официјално потврдено со указ потпишан од претседателот на Франција, Емануел Макрон, на 28 април 2025 година.
Во рамките на посетата на Франција, Вселенскиот патријарх ќе оствари средба и со претседателот Макрон, како и од премиерот Себастијан Лекорну.
Ова признание се смета за значајно меѓународно одликување, со кое се нагласува придонесот на Вселенската патријаршија во областа на теологијата, етиката и јавниот дијалог.

